еднаква шанса за сите. израдувај некој денес.

ДОНИРАЈ КОМПЈУТЕР

Донирај за Кочани!

донирајте за повредените во пожарот

ШТО Е ДОНИРАЈ КОМПЈУТЕР?

Донирај компјутер е непрофитерска невладина организација чија цел е секое семејство во Македонија да има по барем еден компјутер бидејки компјутерот е потребна алатка за учење, а не луксуз. Веќе 9 години се вршат донации на половни компјутери низ територијата на цела Македонија и на над 3500 семејства им е обезбеден компјутер.  Исто така опремени се и кабинети по информатика во 82 училишта низ цела држава.

„Компјутерот е алатка без која не може да се учи и да се биде поврзан со светот на информациите„

– Борче Стаменов

 

СО МАЛ ТРУД, МОЖАМ Многу да помогнам

ХУМАНИТАРНА ДЕЈНОСТ

 

Со пандемијата на Корона вирусот сега, повеќе од било кога порано има ученици на кои им е потребен компјутер за да можат да ја следат online наставата. 

Заедно можеме повеќе

Придружи се на акцијата

#DONIRAJKOMPJUTER

ИНТЕРВЈУА

#DONIRAJKOMPJUTER

НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

– Доколку сакате да донирате ИТ опрема како физичко лице, се што треба да направите е опремата да ја доставите до било кој салон на Neptun кој ви е најблизу било каде во државата. Вработените од Нептун на лице место ви издаваат потврда за вашата донација и со тоа сте завршиле работа.
– Доколку сте компанија која сака да донира ИТ опрема и имате потреба од документација за вашата донација пишувате маил на [email protected]. Ќе ви биде одговорено во рок од 24 часа со дополнителни инструкции. За било какви други информации ви стојам на располагање на 071/288-802 секој работен ден од понеделник до петок со работно време од 10 до 16 часот (ова важи за сите). Почитувајте го моето работно време како што го почитувате вашето.
– Доколку сте физичко лице кое сака да добие компјутер (нема бирање помеѓу десктоп, лаптоп или таблет, се донира тоа што има во моментот) се пријавувате на фан страната Донирај Компјутер – Борче Стаменов. Страната автоматски ги одговара најчесто поставуваните прашања. Од вас се бара да обезбедите било каков пишан документ како доказ за вашата социјална сосотојба. Тоа е задолжително за да добиете уред. Доколу имате нејаснотии, прашајте што ве интересира, ќе ви биде одговорено во рок од 24 часа. Ние немаме персонал за да седи и да одговара 24/7 па ве молам да бидете стрпливи.
– Доколку сте училиште или друга организација на која и е потребна ИТ опрема, барањето за донација го праќате на маил адресата [email protected]. Барањето мора да биде од име на училиштето или организацијата заверено со печат и потпишано од овластено лице и во него треба да стои што ви е потребно. Со позитивен или негативен одговор ќе ви биде одговорено во рок од 24 часа.
– Доколку сакате финансиски да ја поддржите нашата иницијатива истото можете да го направите на следните два начини:
*Преку банка на сметка:
Дознака: Донација
Банка: Силк роад
Носител: Донирај Компјутер
С-ка: 280109104205109
*преку PayPal сметката:
[email protected] (со назнака за Донирај Компјутер)