За Нас

Рака за подобро утре

Која е нашата мисија?
Пред неколку месеци се се одвиваше по својата нормална рутина. Одеднаш избувна новиот вирус кој не заглави сите по дома, пред компјутер на он-лајн часови. Учениците порано имаа можност да седнат во училишните клупи и да научат нешто ново. Но, сега како тие се справуваат со новата ситуација? Голем процент на деца немаат достапност до компјутери и не можат да ја следат онлајн наставата. Нашата мисија е да им подадеме рака на тие деца и да им овозможиме образование за време на пандемијата. Заедно со Вашата помош ќе создадеме подобро утре!
121585796_949918178752847_6670959034035380733_n

0 +

Скопје и околина

0 +

Тиквешија

0 +

Рурални средини низ цела држава

0 +

Пелагонија

0 +

Охрид, Струга и околина

0 +

Кумановско и Тетовско

0 +

Струмичко

0 +

Берово и околина

Почетоците

Изјава од Борче Стаменов, основач на ,,Донирај компјутер”

,, Oваа организација започна спонтано. Во фирмата каде што работам, клиентите ги носеа нивните стари компјутери кои повеќе не им беа потребни. Еден ден така, дојде една жена и побара компјутер за нејзините деца. Споив неколку делови и им го подарив. Целата среќа во очите на детето допре до мене. Така потоа ми дојде и студент и памтам дека по неколку години ме контактираше дека си купил нов компјутер и дека сака да го врати тој што му го дадов за да може друга личност да се порадува. И така започна ,,Донирај компјутер”. Прво се рашири преку муабет, а потоа и направивме и Фејсбук страна. Сета таа среќа кај луѓето кога го добиваат компјутер, запали една идеја во мене за ваква организација.

Кој може да добие компјутер?

Сите што имате потреба од компјутери, од вас се бара да обезбедите документ со кој ќе ја потврдите вашата ситуација. Тоа може да бидат потврди за примање социјална помош, за невработеност, жртви на семејно насилство, невработени студенти и слично. Без тоа не може да ви биде дадена донација. Донациите се даваат етапно и по систем кој кога се пријавил. Тоа значи дека нема цело време, туку тогаш кога ќе биде објавено на Facebook страницата дека има нешто за донирање. Времето на чекање исто зависи од тоа. Исто така ако во меѓувреме се снајдете за компјутер ве молам да известите за да може списокот да се ажурира и донацијата да се даде на следниот. Секој од вас ќе биде контактиран за одобрена донација. Тогаш ќе ги дадете вашите податоци за карго испорака (име, презиме, адреса, место и телефонски број). Испораката на донациите се врши бесплатно преку каналите на карго службата ЕкоЛогистик сервис.

Постигнувања

Награди и сертификати

Поддржувачи

Дел од компаниите кои донираа

  • Акционерско друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена иншуренс груп 
  • Еко Логистик Сервис
  • Клими Мк
  • Ендава
  • Allocate Software
  • Quipu
  • Fx3x
  • Symphony Solutions
  • Триглав осигурување
  • Publikum Invest
  • Канцеларија на Делегација на ЕУ
  • One Inside
  • Кам Маркети
  • Силк роад банка
  • Кожувчанка
  • Амбасада на Холандија
  • Аква Нет
  • Тирена Скави
  • Штедилница Можности
  • Конект
  • Каталист Балканс
  • ОКО
  • Филолошки факултет
  • Фудбалска федерација на Македонија
  • Контура (маркетинг)
  • Радио МОФ
  • Битолска Млекара
Изработка

Дизајн и изработка на сајт

Сајтот donirajkompjuter.mk беше дизајниран и изработен од учениците на Гимназија Алгоритам (algoritam.mk)